ПОКРИВЕН ЕПИТЕЛ И НЕГОВА КЛАСИФИКАЦИЈА Покривниот епител ја препокрива надворешната површина на телото и обложува некои внатрешни празнини,било да се работи за затворени простори кои комуницираат со надворешната средина.Според морфологијата на клетките епителот може да биде : плочест (клетките имаат вретеновидна сплескана форма со поголема ширина од висина) кубичен (клетките имаат приближно подеднаква висина,ширина и дебелина) цилиндричен (клетки кај кои висината е поголема од ширината и дебелината) Според бројот на слоевите епителот може да биде едноставен-еднослоен (кога поседува само еден слој на клетки кои лежат на базална ламина) и повеќеслоен (кога поседува два или повеќе слоеви на клетки од кои само едниот слој лежи на базалната ламина).