МЕЃУКЛЕТОЧНИ ВРСКИ
          Меѓу епителните клетки постојат специјализирани структури кои ѓи држат поединечните  клетки заедно во една функционална единица.Меѓуклеточните врски се диференцираат во три вида:
  • Оклудентни врски- кои формираат дифузиска бариера
  • Атхерентни врски –кои обезбедуваат цврсто поврзување на епителните клетки
  • Комуникацииски врски-кои овозможуваат движење на молекулите помеѓу клетките и комуникација помеѓу нив.

ОКЛУДЕНТНИ ВРСКИ
          Оклудентните врски сместени се на апикалниот дел на клетките во вид на ленти околу нив. На тие места доаѓа до стопување на двете соседни клеточни мембрани и до целосно затварање на меѓуклеточниот простор.Овие врски го оневозможуваат минувањето а материите помеѓу клетките ,па нивниот транспорт се одвива трансцелуларно.
АТХЕРЕНТНИ ВРСКИ
          Атхерентните врски  обезбедуваат механичка цврстина на групи епителни клетки за да можат да функционираат како кохерентна единица.Според типот на цитосклетните филаменти кои учествуваат во врската,атхерентните врски се делат на:
-zonula adherens и fascia adherens кога во врската учествуваат актинските филаменти
-дезмозоми и хемидезмозоми кога во врската учествуваат интермедиерните филаменти
КОМУНИКАЦИИСКИ ВРСКИ
         Комуникацијските врски овозможуваат селективна дифузија на молекулите помеѓу две клетки и нивна меѓусебна комуникација.Кај овие врски клеточните мембрани на соседните клетки се раздвоени со тесен простор и токму затоа се нарекуваат gap, што значи пукнатина. Меѓуклеточната комуникација се остварува преку протеински комплекси наречени конексони. Преку комуникацииските врски се пренесуваат пораки меѓу соседните клетки,па така тие не се однесуваат како независни клетки туку како клетки со усогласено однесување.

Comments

Popular posts from this blog