Епително ткиво
            Ткивата претставуваат група од клетки кои имаат исто потекло,иста надворешна и внатрешна градба и извшуваат иста функција.Специјализацијата на клетките во различни ткива не се одвива на ист начин.Во некои случаи се мошне специјализирани и можат да вршат само една фукнција,а други ткива пак се во состојва да вршат две или повеќе функции.Има повеќе видови на ткива
           Епителното ткиво е едно  од четирите основни видови на ткива кои се наоѓаат кај човекот. За време на интраутерниот развој произлегува  од сите три ембрионали слоеви. Составено е од клетки кои се густо спакувани  и цврсто поврзани. Има малку меѓуклеточна супстанција.Таа е сосема аваскуларна  односно нема крвни садови. Се храни главно со дифузија од капиларите во сврзното ткиво .Епителното ткиво се наоѓа над  сврзното ткиво,оделена од него е структура која е видлива под светлосен микроскоп и се нарекува базална мембрана.

        Епителното ткиво  претставува битен структурен дел во сложената градба на органите.Тој извршува многу значајни функции во човечкиот организам:
  • Ја препокрива надворешната површина на човекото тело (покривен епител)
  • Ги обложува внатрешните празнини и каналите кои комуницираат со надворешната средина  (обложен епител)
  • Има заштитна улога
  • Врши апсорпција во дигестивниот канал
  • Ги формира секреторните делови на жлездите (жлезден епител)
  • Ги формира и рецепторите на сензорните органи (невроепител)
  • Пројавува контрактивна способност (миоепител)
          Функцијата на епителното ткиво се состои во препокривање и обложување на слободните површини, апсорпција, секреција, надразливост и контрактилност.                     Епителното ткиво има главни карактеристика кои се типични за него :
  • Се состои од густо збиени и меѓусебно цврсто поврзани клетки со тесни меѓуклеточни простори и многу мало колицество на меѓуклеточна супстанција.
  • Лежи на екстрацелуларна базална ламина која го одделува од подлежечкото сврзно ткиво.
  • Нема сопствени крвни садови, а се исхранува од крвните садови од сврзното ткиво.
  • Има добро развиен механизам за регенерација и репарација со што постојано се обновува и надополнува.
      Кон крајот на првијот месец од ембриоалниот развиток од епителното ткиво се создава од ектодермот, мезодермот или од ендодермот.
     Клетките кои го градат епителното ткиво може да бидат плочести, кубични и цилиндрицни. Јадрата на епителните клетки се јасно диференцирани и нивната форма соодветствува на формата на клетките: плочестите имаат сплескано вретеновидно јадро, кубичните имаат кружно јадро, а цилиндричните имаат издолжено јадро. Формата на јадрата и нивниот распоред се индиректен показател за бројот и формата на клетките, бидејќи на светлосен микроскоп границите на клетките тешко се забележуваат.

Епителните клетки имаат три основни особености кои ја наредуваат структурата и фукнционалната асиметрија:
  1. тесно се поврзани помеѓу себе со меѓу клеточни врски
  2. слободна или апикална површина,латерална површина и базална површина
  3. со базалната површина нелгнуваат на базалната ламина или базалната мембрана

Comments

Popular posts from this blog