ПОКРИВЕН ЕПИТЕЛ И НЕГОВА КЛАСИФИКАЦИЈА
          Покривниот епител ја препокрива надворешната површина на телото и обложува некои внатрешни празнини,било да се работи за затворени простори кои комуницираат со надворешната средина.Според морфологијата на клетките епителот може да биде:
  • плочест(клетките имаат вретеновидна сплескана форма со поголема ширина од висина)
  • кубичен(клетките имаат приближно подеднаква висина,ширина и дебелина)
  • цилиндричен(клетки кај кои висината е поголема од ширината и дебелината)
  • Според бројот на слоевите епителот може да биде едноставен-еднослоен(кога поседува само еден слој на клетки кои лежат на базална ламина) и повеќеслоен(кога поседува два или повеќе слоеви на клетки од кои само едниот слој лежи на базалната ламина).

Comments

Popular posts from this blog